Директор

Весна Митевска

Весна Митевска, родена 07.08.1986година во Скопје, живее во Петровец. Љубовта кон фолклорот и традицијата кај Весна се раѓа уште од нај раните детски денови, а талентот за играње го открива нејзината мајка. Како дете Весна станува член во КУД- Скопје од Скопје, во кое активно членува се до 2001година. Во 2001 година во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј‟, за прв пат во балетскиот оддел се воведува нов образовен фолклорен смер, каде што Весна одлучува да се запише и станува дел од првата генерација на образован фолклорен играч.

За време на образовниот циклус Весна се запознава и изучува традиционално играње и пеење, ги изучува народните инструменти односно тамбурата, за време на образованието има направено повеќе теренски истражувања.

Во 2005година откако со одличен успех го завршува средното образование, Весна се запишува на Природно Математичкиот Факултет на смерот Етнологија и Антропологија и е студент се до 2008година, во 2008година се запишува на Факултетот за Музичка Уметност на смерот Етнокореологија и во 2022година се стекнува со звањето дипломиран Етнокореолог, во моментов со активни магистерски студии на институтот за Етнологија и Антропологија на модулот Етнологија и Антропологија на културното наследство.

Во 2006година Весна се вработува во Н.У „Танец‟.

Од 2006година па се до 2012година работи во пеачкиот состав, од 2012година па се до ден-денес работи во составот на играорците, како истакнат играч од прв ред солист.

Благодарение на нејзината работа Весна ја има претставувано македонската култура и традиција преку концертните активности кои се многу бројни во и надвор од нашата земја како: Австралија, Америка, Шветска, Белгија, Германија, Италија, Латвија и многу други. Има посетувано семинар на српскиот етнолог и етнокореолог Оливера Васич, на кој се изучуваше Лабановат азбука, во подготовка е и нејзината прва книга односно монографија за фолклорната група од с.Петровец која во скоро време ќе биде достапна за читателите.

Scroll to Top