Инструментални изведби

ВЕЛИГДЕНСКО ОРО

Авторско дело на Милан Завков. Орото е изведено за прв пат во 2000 година од оркестарот на Танец. Орото се карактеризира со ритам во 18/16 такт и е создадено во духот на Македонскиот мелос. Сите инструменти подеднакво имаат задача да ја покажат својата виртуозност, а како солист на хармоника се истакнува авторот на делото Милан Завков.

РАЗИГРАН ТАНЕЦ ОРО

Авторско дело на Милан Завков. Орото е создадено во 2008 година и е иззведено од страна на оркестарот на Танец. Ова оро се карактеризира со брз и енергичен ритам во 7/16 такт. Уште една негова карактеристика е што сите солистички инструменти имаат соло делници:хармоника, кларинет, кавал, тамбура и зурлата која го дава најубавото чувство во целото дело.

ТРИ ГОДИНИ СТАНА ОРО

Оро направено во форма на сплет помеѓу изворна и чалгиска песна “Три години стана, преубавото оро “Касапското” како солист се јавува кларинетот со својата импровизација, а финалето завршува со “Чупурушка”, кое дава ефектен крај на целиот сплет.

ЈАСНИНО ОРО

Авторско дело на Лазо Трповски и со помош на музички интервали му овозможуваат пријатно распложение и опуштеност. Движењето на технички дотераните мелодиите каде брзо и јасно се менуваат чувстават, а кај слушателот предизвикуваат добро расположение и опуштеност.

КАВАЛСКО ОРО

Авторско дело на Лазо Трповски. Честопати во минатото луѓето посакувале после обилните и тешките работи во полето да седнат на некоја пољана да се одморат. Некој од знаеле да засвират на кавал или шупелка па секогаш собирале луѓе околу себе. На тој начин преку музиката си ги олеснувале маките.

ГАЈДАРСКО ОРО

Авторско дело на Лазо Трповски кое без сомнение ги има истите карактеристики (село, планина, град). Тешките работи на полето и нивите се причина се причина луѓето да имаат потреба од одмор. На тој одмор често го користеле да отсвират и отпејат некоја песна. Се разбира по некои од нив знаеле да засвират на гајда кое што го прави ова оро да биде гајдарско.

МОМИНСКО ОРО

Дело на Милан Завков, едно ведро разиграно оро во 7/8 такт каде што како солист се јавуват хармоника и тамбурата придружени од оркестарот при ансамблот Танец.

ЕСТРАДНО ОРО

Авторско дело на Кочо Петровски во аранжман на Милан Завков. Орото почнува со кавал и оркестар во бавен 2/4 ритам, а потоа се развива во брза двојка, каде што до израз доаѓа соло хармониката и соло кларинетот.

МИЛАНОВО ОРО

Aвторско дело на Милан Завков, оркестарско оро во 2/4 ритам, каде што како соло инструмент се појавуваат хармоника и гитара.

ЛАСКОВО ОРО

Aвторско дело на Лазо Трпковски кое составено од долгодишното сценско искуство, а со лесните игри – мелодиски и ритмички доволно е да се прикаже мајсториите на изворните и класичните инструменти за кои што публиката секогаш наградува со аплауз.

Scroll to Top