Ора

ТЕШКОТО

Кореографска обработка Дојчин Матевски, традиционална музика

Група од неколку играчи фатени под рака со водачот  гордо исправен на тапанот со крената десна рака во која држи црвено шамивче е најчест синоним за ова оро. Тешкото претставува едно од најпознатите ора поставени на репертоарот на “Танец”. Пред 1949 “Тешкото” било изведувано од страна на жителите од регионот на Лазарополе. Орото се изведува во придружба на традиционални инструменти зурла и тапан, понекогаш орото е придружено и од две зурли. Специфичните звуци на овие традиционални инструменти ја надополуваат  атмосфера креирана од страна на играчката група. Со изведбата на “Тешкото” од страна на ансамблот “Танец” на Интернационалниот фестивал во Ланголенд 1950 година, жирито на фестивалот ги има прогласено за најдобра група во историја та на фестивалот и им ја доделено специјалната награда.

НЕВЕСТИНСКО

Сценска адаптација и музика од Трајко Прокопиев

“Невестинското” потекнува од печалбарски предел кој се протега од западниот планински масив до регионот околу Битола. Сценската адаптација се базира на мелодијата на традиционалната песна “Прстен ми падна”. Играта е претставена од на осум женски играчи облечени во носија од регионот на Мала река и Дебар. “Невестинското” на сликовит начин го прикажува подготвувањето на невестата и невестинскиот танц на невестата придружена од своите најблиски пријателки т.н друшки. Ова игра претставува една од оригиналните традиционални изведби од страна на ансамблот “Танец” придружена од чалгииски оркестар составен од традиционални инструменти. Оваа традиционална игра ја доловува грациозноста, достоинственоста и убавината на македонската жена.

ДРАЧЕВКА

Кореографска обработка од Атанас Коларовски, музика од Трајко Прокопиев

Група од неколку играчи фатени под рака со водачот  гордо исправен на тапанот со крената десна рака во која држи црвено шамивче е најчест синоним за ова оро. Тешкото претставува едно од најпознатите ора поставени на репертоарот на “Танец”. Пред 1949 “Тешкото” било изведувано од страна на жителите од регионот на Лазарополе. Орото се изведува во придружба на традиционални инструменти зурла и тапан, понекогаш орото е придружено и од две зурли. Специфичните звуци на овие традиционални инструменти ја надополуваат  атмосфера креирана од страна на играчката група. Со изведбата на “Тешкото” од страна на ансамблот “Танец” на Интернационалниот фестивал во Ланголенд 1950 година, жирито на фестивалот ги има прогласено за најдобра група во историја та на фестивалот и им ја доделено специјалната награда.

МАЛЕШЕВКА

Кореографска обработка: Јовица Блажевски; музичка обработка: Сашо Митев и Влатко Терзиски

Играта е инспирирана од богатата фолклорна традиција од Малешевскиот крај. Во неа се вклучени ората: “Беровка”, “Испајче”, “Пантево”, “Малешевка” како и обработка на песната “Јана тенка малешевко”. Во играта е доловен драмскиот момент на додворување, а истата се изведува во традиционална носија од регионот на Малешево.

БЕЛОМОРСКИ БИСЕР

Кореографска обработка: Симеон Чулев, музичка обработка: Милан Завков

Оваа традиционална игра преку својата сценска адаптација претставува собор на кој се изведуваат ора од Леринскиот и Воденскиот регион. Играчите се облечени во традиционална носијаод Леринско Поле. Кореографијата содржи елементи од традиционалните ора: “Буките”, “Рамно поле”, “Сулејманово”, “Гајда” или “Тиквешко” и “Поседеница”. Музичкиот дел на Беломорски бисер содржи елементи од традиционалните песни: “Вино ми се пие” и “Твојте очи Лено мори”. Кореографијатазавршува со орото “Пуштеното”.

СЕДЕНКА

Кореографска обработка: Глигор Василев; музика: Трајко Прокопиев

Оваа т.н фолклорна драма претставува стилизирана мешана игра која потекнува од регионот на селата Жеглигово, Средорек и западен дел на Славиште. Играта се состои од два дела. Првиот дел претставува соло играчка делница на двајца мажи кои сакаат да и пријдат на девојката и со додворување да и го освојат срцето. Првиот дел од играта изобилува со  мимика и драмски елементи каде танчерите се натпреваруваат кој да остави подобар впечаток пред девојката за да и го освојат срцето. Додека  вториот дел претставува надигрување на целиот ансамбл. Играта претставува маестрално дело на г-динот Глигор Василев кој бил долгогодишен член на ансамблот Танец и претставува своевидно ремек дело на македонската орска уметност и традиција.

КАЛАЈЏИСКО

Кореографска обработка: Атанас Коларовски; музика: Трајко Прокопиев

Името на орото потекнува од истоимениот занает кој во минатото бил најзастапен во градот Велес, од каде и што потекнува играта, и распространет низ целата територија на Македонија. Преку весели, римички и динамични звуци и движења на калајџиите, мајсторот калаџија и жените кои ги носта тепсиите на калаисување, авторот ни презентира делови од овој занает.

ТРОПНАЛО ОРО

Кореографска обработка: Душко Ѓорѓиевски; музичка обработка: Ѓорѓи Димчевски

Ова оро претставува сплет од народни игри и песни од Скопската околина. Оваа мешана игра преку ората : “Тропнало оро”, “Орото почна”, “Старо Тиквешко”, “Кавадрака”, “Црногорка” го претставува средселскиот собор.

ОСОГОВКА

Кореографска обработка: Митко Алексов; музичка обработка: Ѓорѓи Димчевски

Група од неколку играчи фатени под рака со водачот  гордо исправен на тапанот со крената десна рака во која држи црвено шамивче е најчест синоним за ова оро. Тешкото претставува едно од најпознатите ора поставени на репертоарот на “Танец”. Пред 1949 “Тешкото” било изведувано од страна на жителите од регионот на Лазарополе. Орото се изведува во придружба на традиционални инструменти зурла и тапан, понекогаш орото е придружено и од две зурли. Специфичните звуци на овие традиционални инструменти ја надополуваат  атмосфера креирана од страна на играчката група. Со изведбата на “Тешкото” од страна на ансамблот “Танец” на Интернационалниот фестивал во Ланголенд 1950 година, жирито на фестивалот ги има прогласено за најдобра група во историја та на фестивалот и им ја доделено специјалната награда.

ПИРИНСКО ПРОЛЕТНО ЦВЕЌЕ

Кореографска обработка: Стојче Каранфилов; музичка обработка: Стојанче Костовски и Кирил Зифовски

Стилизирана мешана игра инспирирана од фолклорот од Разлошкиот регионот. Се карактеризира со динамични движења и специфична изведба.

КОПАЧИЈА

Кореографска обработка: Стојанче Каранфилов; музичка обработка: Милан Зафков

Мешана игра која се изведува во традиционална носија од пределот на Кичевскиот крај. Во неа се вклучени ората “Свекрвино” (женско оро), “Малесора” (машко оро), “Четворла”, “Крстачко оро”, а од вокалната традиција песната “Ангелино моме”.

ЛАЗАРЕНКИ

Кореографска обработка: Симеон Чулев; музичка обработка: Бошко Тренески

Стилизирана женска игра која се изведува во оригинална женска носија од пределот Бојмија. Играта е инспирирана од христијанскиот празник “Воскресени Лазарово” или “Лазарева сабота” ден пред Цветници. Овој празник се слави една недела пред големиот хриситјански празник Велигден, односно во последната сабота од големиот пост. За време на овој празник организирани женски групи составени од млади девојки ги посетуваат сите куќи по ред во селото притоа  пеат и играат Лазарски песни и ора. За секој член од семејството се пее посебна песна. Кореографијата е инспирирана од регионот на селата с. Петрово и с. Миравци. Во оваа сценска адаптација се претставени две групи на т.н. Лазаренки кои се надигруваат и натпејуваат за подоцна се спојат завршувајќи ја играта во една веселеа и разиграна атмосфера.

ШОПСКА ПЕТОРКА

Сценска адаптација: Цветко Мицевски; музика: Кочо Петровски

Стилизирана машка игра ја изведуваат пет играчи. Името на играта потекнува од шопската популација  кое живее на тромеѓето на пограничните региони на Србија, Бугарија и Македонија.

ВОДАРКИ

Кореографска обработка: Митко Алексов и Блаже Велевски Палчевски; музика: Ѓорѓи Димчевски

Женска игра во која е прикажан еден дел од секојдневието на македонската жена а тоа е одењето за вода. Играта е составена од повеќе елементи од ора и игри од различни региони во Македонија. Па играта се изведува во носија од Долен полог а поголемиот број на останати елементи потекнува од источна Македонија.

ЃУРЃОВДЕНКА

Кореографска обработка: Дојчин Матевски ; музичка обработка : Ѓорѓи Димчевски

Претставува сплет на на народни игри и песни поврзани со најголемиот пролетен празник Ѓурѓовден. Главаната тема на празникот е здравје и плодност и за таа цел девојките и жените играле игри и пееле песни на оваа тема. Мажите биле само делумно вклучени. Оваа игра во “Танец” се изведува во носија од регионот на Скопска Блатија.

СВАДБА

Кореографска обработка: Благоја Филиповски; музичка обработка: Ратко Галевски и Томе Цветковски

Уште една богата кореографија која изобилува со драмски елементи, обичаи потекнува од околината на Скопје. Оваа т.н. фолклорна драма е инспирирана од најбитниот момент на животот на секој човек а тоа е чинот на венчавањето. Играта се изведува во традиционална носија од Скопска Блатија.

ЖЕТВАРКА

Кореографска обработка: Митко Алексов; сценска адаптација: Ѓорѓи Димчевски

Мешана игра во која преку драмски дејствија е доловена една од главните дејности на македонскиот народ во минатото а тоа е жетвата. Играта вклучува повеќе песни како што се: “Узреала бела пченица”, “Зажни Јано”, “Препејале ми пејале”, “Што ми е мерак пољак да бидам”. Играта се изведува во традиционална носија од  Овчеполскиот регион.

СОЛУНКА

Кореографска обработка: Благоја филиповски; музичка обработка: Ѓорѓи Димчевски

Сценска адаптација составена од  традиционални машки и женски ора од Јужната етнографска целина. Во неа се вклучени традиционалните ора : “Бајраче”, “Машкото”, “Кривото”, “Кршамли”. Оваа оро се изведува во носија од Костурскиот регион.

РУСАЛИИ

Кореографска обработка: Дојчин Матевски и Душко Ѓорѓиевски; музичка обработка : Ѓорѓи Димчевски

Оваа стилизирана машка игра со наративен карактер потекнува од легендата од гевегелиските и струмичките села. Легендата кажува: “Ако две групи на Русалии од различни села се најдат на патот меѓу нив започнува меѓусебна борба, која некогаш имала фатални последици”. Сценската адаптација која ансамблот ја изведува е адаптирана за две машки играчки групи, играчкиот образец се состои од елементи превземени од традиционалните ора: “Сечи моме” и “Кара Јусуф”. Двете спротивставени групи стојат една наспроти друга линиски поставени на сцената, приоѓаат една на друга со подигнати мечови спремни за борба. Движењата кои ги изведуваат се спори во рубато ритам со движења кои симболизираат борба. Се употребуваат реквизити вештачки мечови. Групата која ја губи борбата прва ја напушта сцената, а победничката група останува уште некое време на сцената.

КОМИТСКО

Кореографска обработка: Емануел Чучков; музичка обработка: Емануел Чучков

Во оваа игра е прикажан само еден фрагмент од борбата на комитите против турскиот аскер доловена преку драмски елементи и ора базирани на оригинални играчки образец. Комитско се изведува со девет играчи, вклучувајќи го тука војводата и играорките чија улога е кратка бидејќи во играта се вклучуваат само во еден дел.

БРКАЊЕ НА ЧУМАТА

Кореографска обработка: Тодор Јованов; музичка обработка: Тодор Јованов

Бркање на чумата претставува уште една стилизирана обредна игра која се изведува во традиционална носија од Овчеполскиот регион. Ова мешана игра  е инспирирана од болеста чума која во минатото била пренесувана од глодари и болви. Честопати луѓето во минатото и придавале натприродни сили и моќи на оваа болест.

СРЕД СЕЛО

Кореографска обработка: Тодор Јованов; музичка обработка: Тодор Јованов

Стилизирана мешана игра во која ансамблот е облечн во носија од  регионот на Скопска Блатија. Во оваа игра се вклучува повеќе песни како: “Ова е село”, “Ситен камен до камена”, “Сношти те пратив на вода ќерко”, “Што собор ми се собрало”.

ПРЕСПАНСКИ ИГРИ

Кореографска обработка: Стојанче Каранфилов; музичка обработка: Кирил Зифовски

Мешана игра која се изведува во традиционална носија од Преспанскиот регион поточно регионот на Долна Преспа. Играта е составена од елементи од различни машки и женски ора, а со вклучена паровна игра.

ЖЕНСКО ЧАМЧЕ

Сценска адаптација: Рафе Жиковски; музичка обработка: Емин Селим; обновил: Љупчо Маневски

Женско оро кое се изведува во рубато ритам во придружба на  традиционални инструменти.  По структура оваа оро е слично на машкото оро “Тешкото “ иако може да се најде објаснување како:  “Жени кои играат во машки стил ”. Играчкиот образец е претставен со бавни чекори исполнети со грациозност, смиреност и со достоинствени движења кои имаат за цел да ја прикажат убавината, патријахалноста и смереноста на на мијачката жена. Оваа оро се изведува во Мијачка носија од селата Смилево и Папрадиште. Атмосферата на концентрираност и контрола која е присатна за време на играњето  не  потсетува на смиреноста на “Невестинкото” оро.

КОПАЧКА

Сценска адаптација: Љупчо Маневски; музика: традиционална

Изворно машко оро кое потекнува од Пијанечкиот регион. Орото се одликува со брз и прецизен играчки образец изведен со симтерични чекори. Играчите  меѓусебе се држат за појасите. Орото се изведува во придружба на оркестар составен од традиционални инструменти и тапан. Понекогаш во ова оро се вклучуваат и поазган жени кои се надигруваат со мажите. Сценската адаптација која “Танец” ја изведува ја сочинуваат играчи образсци превземени од четири ора и тоа: “Шетаница” ; “Ситно”, “Префрлачка” и “Копачка”.

К'ЛЦ НОГА

Сценска адаптација: Снежана Балканска; без музичка придружба

Женска игра која се изведува без музичка и вокална придружба. Ритамот е претставен преку звукот на ударот на нозете и звечењето на накитот обесен на појасите на членовите на ансамблот. Како напредува играта доаѓа до забрзување на темпото и звечењето на накитот се појачува со движењата. Оваа женска игра се играла на денот на свадбата на невестата. Во првиот дел одредена атмосфера на смиреност и концентрираност може да се почувствува во гразциозните движења на играчите. Како да сакаат ја прикажат смерноста и почитта кон новиот дом и новата фамилија.

Ова традиционална игра се изведува во традиционална облека од регионот на Мала река, Лазарополе и селото Солце во Мијачкиот регион.

ПОРЕЧКИ ИГРИ

Кореографска обработка: Тодор Јованов; музичка обработка: Тодор Јованов

Стилизирана женска игра директно инспирирана од богата фолклорна традиција од Поречкиот регион. Поречките игри се инспирирани од христијанскиот празник Велигден. Вториот ден на Велигден во Поречието бил исполнет со голем број на танци и игри кои ги изведувале жени. Во Поречките игри се вклучени елементи од игрите “Кален број мален број ”, “Вили самовили ” во стилизирана форма.

БИТОЛСКИ ИГРИ

Кореографска обработка: Стојче Каранфилов; музичка обработка: Милан Завков

Оваа кореографија се изведува во традиционална носија од Битолскиот регион. Оваа игра во себе вклучува делови од ората: “Беранче ”, “Буфчанско”, “Пајдушко”, “Лисолај”, “Беда”, “Гајда”, како и ороводната песна “Отишла Јана на нива”.

ОХРИДСКИ ИГРИ

Сценска адаптација: Симеон Чулев; музичка обработка: Милан Завков

Мешана игра која се изведува во носија од Охридско поле. Играта во себе вклучува елементи од соборските ора кои се изведувале во Охрид и селата кои гравитираат кон Св. Наум, станува збор за ората: “Софиско”, “Свадбарско”, “Сирто”, “Лакочерејско”, “Женско Чамче”, “Белгошко”, “Касапско”, “Темјанушка”.

НА МЕГДАН

Кореографска обработка: Симеон Чулев; музичка обработка: Милан Завков

Стилизирана мешана игра во која играчите се носат  носија од источниот дел на Славишкиот регион. Целата кореографијата претставува еден вид надигрување на неколку групи составени прво од машки, а подоцна на сцената настапува женската група. Секоја група преку игра ги прикажува своите вештини и играчки способности.

СЕРБЕЗ ДОНКА

Кореографска обработка: Симеон Чулев; музичка обработка: Милан Завков

Оваа кореографија претставена преку игра, музика, песна, и други драмски елемнти  претставува обработка на градската фоклорна традиција од градот Велес.

ПОСЕЉЕ

Кореографска обработка: Јовица Блажевски; музичка обработка: Сашо Митев

Мешана игра која е инспирирана од ората што се играат во пределот Долни Полог делот Посеље. Во играта се вклучени ората “Марица” (женско оро), Ајдучко (машко оро), “Ситна Циганчица” (мешано оро) ; како и две обработени песни: “Распукала Шар планина” и “Што ме боли глава”. Играта се изведува во традиционална носија од регионот на Долен полог.

АРАМИСКО

Кореографска обработка: Дончо Ефтимов; музика: изворна

Кореографијата на оваа игра преку бројни драмски елементи како што се: нишанење,  пукање со пиштол,  клекнување со употреба на реквизити (дрвени пиштоли, силафи) преку мимички движења ги презентира арамиите. Арамиите се сметале за опасни бандити од периодот на 19 и 20 век.

Играчите се движат во круг и фронтално кон публиката кон публиката како да сакаат да нападнат. Орото во Танец е презентирано од Славејко Ивчев.

ПРИЛЕПСКИ ИГРИ

Кореографска обработка: Стојанче Каранфилов; музичка обработка : Милан Зафков

Оваа кореографија е инспирирана од традицијата за верскиот празник Прочка (ден пред почетокот на великденските пости кога луѓето си простувале едни на други). Кореографијата потекнува Прилеп и се изведува во традиционална носија од Прилепско поле. Во играта се вклучени традиционалните групи наречени “мечкари”, кои се  карактеристилни за овој регион. Во вториот дел играта се развива со вклучување на целиот ансамбл во играта.

ДВА ТАНЦА

Кореографска обработка: Владо Станоевски; музичка обработка: Лазо Трповски

Ова кореографија е инспирирана од региионот на Крива Паланка и претставува надигрување на две групи на играчи. Подоцнежните аранжмани  во кои се внесени нови инструменти значително влијаат на збогатување на целата атмосфера во орото.

ОХРИДСКИ БРАНУВАЊА

Кореографска обработка: Тодор Јованов ; музичка обработка: Тодор Јованов

Името на сценската адаптација потекнува од местото од каде потекнува оваа игра а тоа е градот Охрид. Охрид го носи уште и името Македонски Ерусалем поради 365 цркви кои се изградени во градот. Оваа традиционална игра на симболички начин ги претставува секодневните активности на жителите од овој регион. Белењето на платното, распостелувањето, диплењето на сцената е типична претстава на секодневието на жената од овој регион.

ИЛИНДЕН

Кореографска обработка: Тодор Јованов; музичка обработка: Тодор Јованов

Главниот мотив е превземен од Илинденското востание против Отоманската власт на територијата на Македонија.

ЦВЕЌЕБЕРАЧКИ

Кореографска обработка: Глигор Василев; музичка обработка: Ѓорѓи Димчевски

Оваа кореографија води потекло од Пиринскиот регион. Во играта се претставени драмски елементи на додворување, со цел да се изнуди по некој поглед  срцето на девојката.

РУДО ЈАГНЕ

Кореографска обработка: Владо Станоевски; музичка обработка: Лазо Трповски

Мешана игра која се изведува во традиционална носија од градот Лариса. Во себе ги вклучува игрите : “Завлечена”, “Рудо Јагне”, “Гајда”, “Три пата (пати)” и “Потрчана”.

СТАРО ТЕШКО ОРО

Кореографска обработка: Владо Станоевски; музичка обработка: Драган Даутовски

Машко оро кое потекнува од Свети Николе. Ова оро е придружувано од оркестар составен од традиционални инструменти наречени (чалгии), а во подоцнежните изведби се вклучени кларинет, хармоника, виолина, флејта и тамбура.

ЏАМАЛА

Сценска адаптација: Светлана Ќириќ; музичка обработка: Драган Даутовски

Џамала претставува обредна игра инспириран од машките обредни поворки кои се среќавале во регионот на Скопје. Џамаларите се маскирани  со долги бради и зацрнети лица. Во различни региони во македонија имаат различни имиња како : “Сурвари”, “Џоломари” ; “Џамалари”, “Бадњи бабе”, “Бабари”, “Мечкари”, “Василичари” итн. Ова обредна игра се изведува за време на т.н. “некрстени денови” намената на оваа игра била да ги избрка лошите духови и во исто време даде среќа, прогрес и плодност во годината што следи.

ВОДИЧАРКИ

Сценска адаптација: Светлана Ќириќ; музичка обработка : Драган Даутовски

Игра инспирирана од женските обредни поворки од Скопската околина  кои се одржуваат за време на празникот Св. Јован крстител. За време на овој празник девојките одат од куќа до куќа и пеат пригодни обредни песни. Песните имаат за цел да донесат здравје и бериќет за секој член на семејството во дадената година.

ЧИФТЕ ЧАМЧЕ

Сценска адаптација: Дојчин Матевски; музичка обработка:

Орото Чифте чамче потекнува од Велес, а во Танец е претставено од страна на Нури Османов музичар и играорец од Битола, додека Дојчин Матевски ја имал одговорноста сценски да го адаптира.

ТРЕСЕНИЦА

Сценска адаптација: Јонче Христовски; музичка обработка: Ѓорѓи Димчевски

Стилизирана женска игра чија основа ја чинат чекорите на познатото “Бувчанско” оро. Името на играта се поистоветува со стилот на изведбата на самата игра. Играта се изведува во традиционална носија од Мариовскиот регион.

Scroll to Top