Женска двогласна песна која потекнува од Струмо местанска етнографска целина, поточно од Разлошкиот регион. Музичка обработка Сашо Митев.
Женска двогласна песна со љубовна тематика. Двогласот се темели на карактеристичен бордунски тип на пеење. Потекнува од Струмо местанска етнографска целина се изведува во придружба на кавал. Постојат голем број на песни кои што потекнуваат од оваа целина, кај кои мелодиската линија е збогатена со т.н. долги надолни извици најчесто сместени на средина од мелострофата.
Женска двогласна песна со љубовна тематика. Потеклото на оваа песна е од Струмо местанса етнографска целина, но се среќава и во поедини етнички предели на Шопско-Брегалничка етмографска целина.
Машка двогласна песна која се изведува без музичка придружба (а капела). Потекнува од Струмо местанска етнографска целина. Во песната е опеан македонскиот раволуционер Гоце Делчев, неговата организаторска и револуционерна дејност како и неговите залагања и жртвувања за својата татковина.
Машка двогласна песна која потекнува од Струмо местанска етнографска целина. Тематиката на оваа песна произлегува од периодот на Илинденското востание, централното место му припаѓа на ликот на Гоце Делчев. Се изведува а капела.
Машка двогласна песна од Струмо местанска етнографска целина, Мотивите од Илинденското востание завземаат централно место во песната. Во песната е опеана носталгијата кон родниот крај на учесниците на востанието. Музичка обработка Сашо Митев.
Машка двогласна песна со хумористичен карактер. Потекнува од Шопско – Брегалничка етнографска целина поточно од етничкиот предел на Малешево. Музичка обработка Сашо Митев.
Машка двогласна песна со хумористичен карактер. Потекнува од Шопско – Брегалничка етнографска целина поточно од етничкиот предел на Малешево. Музичка обработка Сашо Митев.
Машка двогласна песна потекнува од пределот на Радовишко поле. Се изведува во оркестарска придружба на традиционални инструменти.
Машка двогласна песна која потекнува од етничкиот предел на Малешево. Музичка обработка Сашо Митев.
Машка двогласна песна карактеристична за Малешевскиот регион. Песната е со љубовна и хумористична содржина, се темели на љубовни копнежи, пожелби и задевки. На пр. Имаме моми јубави а ергени ви се глупави, не знаат моми да љубат сал знаат вино да пијат.
Машка двогласна песна која потекнува од етничкиот предел Долни Полог. Се изведува без музичка придружба (а капела) каде до израз доаѓа карактеристичниот начин на бордунско пеење својствен за овој предел. Љубовната тематика на оваа песна произлегува од разновидените љубовни појави и состојби кои се тесно поврзани со селскиот амбиент. Во песната е е опеана несреќната љубов помеѓу двајца што се сакале а не се земале.
Машка двогласна песна која потекнува од етничкиот предел Долни Полог. Се изведува без музичка придружба и претставува автентичен пример на старата селска вокална традиција во Македонија.
Машка двогласна песна која потекнува од етничкиот предел Долни полог. Двогласието во песната се темели на бордински начин на пеење карактеристичен за овој предел. Пеачката група на ансамблот “Танец“ ја изведува на антифон начин (во две групи). На самиот терен може да се сретне женска изведба на песната. Припаѓа на групата ајдутски песни и во нејзината содржина се опишува јунаштвото на ајдукот Велко.
Женска двогласна песна која се изведува во етничките предели на Скопска црна гора и Скопска блатија. Припаѓа на групата револуционерни народни песни кои кај народот се познати како комитски песни. Во неа е опеана вернпста на комитите кон ранетиот војвода: Ранет војвода носеа, раните му ги миеја.
Женска двогласна песна карактеристична за етничките предели на Скопска Црна гора и Скопска Блатија и претставува соодветен пример за песните од оваа област.
Женска обредна песна која е карактеристична за шопско – брегалничка етнографска целина. Карактеристиниот долг надолен извик е специфика за просторното жетварско пеење од овој дел на Македонија.
Обредна песна која потекнува од етничкиот предел на Радовишко поле. Ја пејат немажени девојки во моментот на обредното залулување за празникот Ѓурѓовден. Двогласието во песната кое се базира на бордунски тип претставува соодветен пример за старата селска вокална традиција во Македонија.
Женска двогласна песна која потекнува од јужно – Македонската етнографска целина и претставува карактеристичен пример за селската вокална традиција од овие простори каде двогласието се базира на бордунски тип.
Женска двогласна песна која потекнува од етничкиот предел Костурско поле. Се изведува во придружба на оркестар од традиционални инструменти и претставува соодветен пример за двогласните песни од поновата селска вокална традиција во егејскиот дел на Макеоднија каде двогласието се базира на паралелни терци.
Женска двогласна песна која се изведува во етничкиот предел на Овчо поле. Карактеристична е за поновата селска традиција со мотиви од секојдневниот живот, каде момчето прави предсвадбени подготовки, броејќи пари и спремајќи го својот коњ за да оди по невеста.
Женска песна во соло изведба, која потекнува од етничкиот предел Средорек, Жеглигово, Славиште. Песната се изведува во придружба на кавали во рубато ритам. Припаѓа во групата на семејни песни каде е опеана безмерна та љубов на сестрата кон својот брат.
Женска песна во соло изведба придружена од инструментот гајда. Потекнува од Струмо местанска етнографска целина каде се испеани голем број на револуционерни народни песнипосветени на Гоце Делчев. Во песната метафорично е прикажана желбата на една девојка да стане сонце и да му го осветли патот за да го заштити од турците.
Женска песна во соло изведба. Карактеристична е за територијата на целата Мијачко – Дебарска етнографска целина. Се изедува во продружба на кавали во рубато ритам. Песната содржи мотиви од секојдневниот живот поврзани со моментот на иницијација кој се јавува кај девојките кои се подготвуваат да станат невести.
Женска двогласна песна која потекнува од етничкиот предел на Костурско поле. Љубовниот мотив во оваа песна е прикажан преку грабнивањето на невестата од страна на момчето. Во македонската фолклорна вокална традицијанпостојат голем бој на ппесни со слична содржина.
Женска двогласна песна која потекнува од етничкиот предел на Костурско поле. Мотивите од секојдневниот живот ја опишуваат убавината на девојките кои потекнуваат од овој предел.
Женска двогласна песна од етничкот предел на Костурско поле. Љубовниот мотив во оваа песна одговара на онаа група каде се пее за неверна љубов.
Песна карактеристична за јужно – Македонската етнографска целина. Се изведува од група од машки и женски вокали кои се пеат едногласно во паралелни октави. Во песната метафорично е одсликана убавината на една девојка.
Свита за мешан хор во чиј состав влегуваат песните: Кафал свири мамо, Девојче девојче, Лено моме галено.Сите песни припаѓаат на жанрот на македонската љубовна песна од кои еден дел се т.н. натпевки. Во традицијата натпевките ги пеат момчиња и девојчиња за разонода на работни собири (седенки, преденки) и на жетварските, копачките, трудовите процеси на кои тие заедно работат.
Припаѓа во жанрот на македонската љубовна песна и се изведува во форма на дијалог помеѓу машката и женската пејачка група.
Женска песна во соло изведба карактеристична за градската воклана традиција која во Македонија започнува да се создава во втората половина на 20 век.
Женска песна во соло изведба карактеристична за територијата на западна Македонија. Обработката на народни инструменти одговара на песните од градската воклана традиција.
Женска песна во соло изведба. Содржински одговара на градската љубовна песна која започнала да се создава и да се развива како резултат на благородната почва на традиционалните љубовни песни на македонското селанство, преку широко и сестрано користење на нејзините тематски достигнувања.
Женска песна во соло изведба и претставува соодветен пример за градската вокална традиција. Љубовниот мотив каде девојката го заштитува своето момче е често пати застапен и кај други вакви песни: Ах не пеј пиле, не буди ми мојто либе.
Женска песна обработена во три гласа. Обработка Милан Завков.
Женска песна која припаѓа на градската вокална традиција. Обработката во три гласа направена од страна на Ѓорѓи Димчевски. Наменета за мешан хор.
Женска песна која тематски припаѓа на групата љубовни песни кои се дел од градската вокална традиција во Македонија. Љубовните мотиви често пати се отсликани праку безбројните уникатни метафори во стиховите: Куќата му е колиба, за мене мила мамо палата. Обработка Бошко Тренески.
Женска песна карактеристична за Мијачко – Дебарска етнографска целина. Обработена во три гласа од страна на Бошко Тренески. Музичка обработка Милан Завков.
Женска песна од градската вокалана традиција. Љубовниот мотив во песната е сведок за бројни примери за неостварени љубови поради одбивањето на родителите да го прифатат избраникот на нивното дете. Обработка Драган Шуплевски.
Обработка на Томислав Зографски за мешан хор. Претставува типичен пример за песна од градската вокална традиција која тематски одговара на адаптираните песни за НОБ со љубовен мотив.
Песна обработена за машки хор и припаѓа во групата на хумористични песни кои по потекло спаѓаат меѓу помладите лирски песни. Творечката смисла на народот секојдневните животни проблеми и искуства да ги вообличи со избалансиран хумор со суптилна иронија и остар сарказам се најзначајни одлики на хумористилните песни во Македонија. Обработка Ѓорѓи Димчевски.
Песна обработена за машки хор. Насекаде во Македонија хумористичните песни тематски се врзани за моменти од секојдневниот живот каде најчесто се исмејуваат естетските вредности на луѓето. Во тој контекст на селските собори старите дедовци често се во релација со младите девојки. Обработка Драган Шуплевски.
Претставува соодветен пример за песна со љубовна тематика каде љубовните пројави на момчето кон девојката имаат трагичен крај. Обработка за машки хор Ѓорѓи Димчевски.
Обработка за мешан хор и претставува еден од ретките примери на песни кои во ансамблот се изведуваат на говорите од малцинствата во Македонија. Обработка Драган Шуплевски.
Обработка за женски хор која тематски одговар ана градската вокална традиција каде доминира љубовниотр мотив. Во македонската љубовна поезија грабежот на момата е еден од најзастапените мотиви најчесто отсликан преку стиховите. Не и кажа два збора тук ја фати за рака или Тој не фати стомнето тук и фати раката, ја префрли на коњо. Обработка Стојан Стојков.
Според содржината оваа песна припаѓа на групата на хумористични песни, каде е опеана ненаситноста на една баба. Бабите и дедовците претставуваат најчест симбол на исмејување во ваквите песни. Обработка за мешан хор Сашо Ливрински.
Низ содржината на песната каде е застапен љубовниот мотив се чувствува слободата во поглед на изразувањето на љубовта и желбите што директно не поврзува со поновата, градска вокална музика. Хорска обработка Драган Шуплевски.
Претставува соодветен пример за градска љубовна песна во која јасно се прикажани чувствата и копнежот по девојката.
Хорска обработка: Ѓорѓи Димчевски.
Во песната е отсликана убавината на момата како сакана. Песната е со љубовен мотив и претставува пример на градската вокална традиција. Најчесто убавината на девојките се дополнува со нивната добродушност и добрата душа или табиет.
Обработка за машки хор Бошко Тренески.
Оваа револуционерна песна е посветена на војводата Јане Сандански. Планината Пирин каде тој е роден и каде најмногу делувал со својата чета е опеана во голем број Македонски народни песни. Хорска обработка Тодор Трајчевски.
Припаѓа на групата Македонски револуционерни песни, посебно место имаат песните со мотиви од Илинденското востание. Песните се сврзани со Крушево и крвавите борби со турската војска што илинденските востаници ги воделе низ цела Македонија. Хорска обработка Миодраг Божиновски.
Голем број на песни од периодот на Илинденскот востание се посветени на планината Пирин. Планината се јавува како сведок за битките на македонските војвооди со турцката војска. Хорска обработка Тодор Трајчевски.
Меѓу адаптираните песни за НОБ се наоѓаат и мотиви од нашите печалбарски и љубовни песни. Разделбата на борецот со неговите најблиски можела картко да трае или вечно ако тој загине во борба. Хорска обработка Тодор Трајчевски.
Македонска обнародена песна која настанала во периодот кога се појавуваат голем број на авторизирани песни. Ваквиот тип на семејни песни се широко застапени и оформени врз спротивните желби на родителите (мајката) и своите деца (синот).
Песна од современтат вокална традиција во Македонија. Песната е реализирана како резултат на соработка помеѓу Ансамблот Танец и Александар Митевски. Исполнува вокалната група на Танец, како солист се јавува Елена Трајчева. Аранжман Александар Митевски и Зоран Џорлев.
Машка двогласна песна (бордунски тип). Голем број на песни од поновата селска традиција во Македонија како што е ова песна содржат љубовни мотиви кои опеваат разновидни љубовни појави. Потекнува од етничкиот предел Малешево. Музичка обработка Златко Димитријовски.
Песна карактеристична за повеќе етнички предели на територијата на Македонија. Познатиот чин од свадбениот циклус на тргнувањето на свадбената поворка на младоженецот кон домот на невестата е еден од значајните активности кои се одвиваат на денот на свадбата.
Женска двогласна песна која потекнува од етничкиот предел Скопска Црна Гора.
Женска песна обработена во три гласа. Ова е само една песна од циклусот на Лазарски песни кои се изведуваат за христијанскиот празник Лазарева сабота. За овој празник ритуални поворки составени од девојки и жени ги посетуваат сите куѓи во селото пеејќи пригодни песни за здравје и бериќет за секој член од семејството посебно.
Женска двогласна песна. Двогласието во оваа песна се базира на појавата на паралелни терци, карактеристична за поновата селска вокална традиција својствена за целата јужно – Македонска етнографска целина. Како и во голем број на песни од оваа територија каде љубовните мотиви се однесуваат на несреќна љубов. Често пати природата (дуњата, врбата, јаворот) се опеани со цел да ги сослушаат љубовните маки на некоја девојка или момче.
Женска двогласна песна која потекнува од етничкиот предел на Костурско поле. Двогласието се појавува на крајот од мелострофата како една од значајните музички карактеристики за песните од територијата на јужно – Македонска етнографска целина.
Женска двогласна песна во која се пее за јунакот Димитрија. Во голем број на песни од нашата фолклорна вокална музика реката Вардар е сведок за бројни несреќи кои се случувале во периодот на народно ослободителната борба.
Женска едногласна песна која потекнува од етничкиот предел на Костурско поле. Претставува карактеристичен пример од поновата селска вокална традиција во Македонија која според мелодиската линија одговара на пострите типови на градска вокална музика. Се изведува во придружба на оркестар од народни инструменти.
Женска двогласна песна со љубовни мотиви кои се поврзани со периодот на 19 век кога особено е развиена трговијата со најблиските градски центри. Јас ќе одам моме во Солуна града, рачај порачувај што да ти донесам, претставува само еден од многуте примери.
Песна наменета за машки хор обработена од Драган Шуплевски. Љубовниите мечти и копнежи на момчето кон девојката кои се опеани претставуваат најчест мотив во градската љубовна песна.
Ансамблот Танец постојано изведува концерти, учествува на приредби, натпревари, гостува во државата и странство, како и на други манифестации. Доколку сакате дополнително да се информирате, да договорите настан или да не спонзорирате, ве молиме испратете барање преку оваа контакт форма, или на некој од нашите телефонски броеви.
Венјамин Мачуковски Бр.7, 1000 Скопје
Република Северна Македонија
Тел: +389 2 2460 112 | Факс: +389 2 2461 021